Челниците на шпанскиот состав Атлетико Мадрид сакаат да го вратат Н’Голо Канте во европскиот фудбал.
33-годишниот Французин кој настапува за Ал-Итихад, не крие дека има желба да се врати на стариот континент и да игра во Лигата на шампионите. Неговата желба ја открил всушност неговиот брат во едно интервју.
Канте има договор до 2026 година а единствен проблем за неговиот трансфер може да биде неговата висока плата која шпанскиот состав не може да ја покрие.

