На 18-ти август, Виборг ќе биде домаќин на Европското првенство во планински велосипедизам- Маратон. Дуња Иванова како претставник на Велосипедската федерација на Македонија, ќе стартува во елитната сениорска конкуренција со најсилните претставници на сите европски земји.
„Задоволство е да се почувствува свежина и подготвеност во Велосипедската федерација на Македонија за поддршка кон иницијативите на клубовите и нивните возачи. Со голема посветеност и низа сериозни настапи и резултати во Германија, Италија, Шпанија, Грција, Србија кои се зад нас како дел од оваа натпреварувачка сезона, сега нашиот фокус е кон натпреварот во Виборг. Посакуваме да имаме добар ден, малку среќа и успех за кој знаеме дека неминовно доаѓа како резултат на нашата посветеност“, вели Љубиша Кондев, тренер и еден од основачите на ВК Енерџи.
Дуња Иванова е државен првак во планински велосипедизам, со бројни домашни и меѓународни подиуми.

