Играчот од средниот ред на Аталанта, Мартин де Рон, верува дека неговиот состав може да прикаже добра партија на денешниот меч со Реал Мадрид во Супер Купот на УЕФА. Италијанскиот состав ја има улогата на освојувач на Лига Европа во претходната сезона додека шпанскиот состав е актуелен шампион на стариот континент.
„Мотивирани сме и подготвени. Треба да имаме наша филозофија и стил на игра. Потребна е почит и многу храброст на теренот но, верувам дека можеме да го победиме Реал Мадрид“ – вели Рон.
Натпреварот ќе се одигра денеска на стадионот во Варшава во Полска со почеток во 21.00 часот.

