Фудбалерот на Реал Сосиедад и на шпанската репрезентација, Микел Мерино, веројатно нема да замине во Арсенал откако англискиот тим ги променил условите од првичниот договор.
Претходно беше најавено дека „топчиите“ ќе платат за неговиот потпис 30 милиони евра плус бонуси. Мерино во претходната сезона одигра 58 натпревари за Баскијците на кои постигна 10 голови и направи шест асистенции.
Медиумите на Пирините наведуваат дека целата ситуација внимателно ја следи и Атлетико Мадрид. Наводно и „јорганџиите“ сакаат да го ангажираат Мерино.

