Манчестер Јунајтед моментално има пет фудбалери од ерата на Ерик тен Хаг во Ајакс. За нив биле потрошени 272,4 милиони евра.
Рекорден беше трансферот на Ентони за 95 милиони евра. Дефанзивецот, Лисандро Мартинез беше купен за 57,4 милиони, Матијас де Лихт и Нусаир Мазрауи дојдоа во пакет од Баерн Минхен за 70 милиони.
„Црвените ѓаволи“ ги имаат и Маласија, Кристијан Ериксен, Мејсон Маунт, Вегхорст и Амрабат, кои во еден период од нивните кариери настапувале во шампионатот на Холандија во кој работеше Тен Хаг како предводник на „копјаниците“.

