Германскиот играч за врска Марко Ројс го потпиша својот договор со американскиот Лос Анџелес Галакси откако долго време беше поврзуван со клубот, пренесува „ЕСПН“. Се очекува денес Американците официјално да го објават трансферот.
Ројс (35) станува последниот ветеран кој се приклучил на МЛС лигата по Лионел Меси, Жорди Алба и Луис Суарез, кои се во Интер Мајами, како и Оливие Жиру, кој играше со ФК Лос Анџелес. Марко Ројс од 2012 година досега играше за Рот Вајс Ахен (2007-2009), Борусија Менхенгладбах (2009-2012) и Борусија Дортмунд. За „жолто-црните“ има 294 натпревари и 120 гола.
Германецот има 48 натпревари за германската репрезентација со 15 голови. Повредата го спречи да стане светски шампион со Бундеслигата во 2014 година. Лос Анџелес Галакси се на првото место во Западната конференција на МЛС лигата, два бода повеќе од Лос Анџелес ФК.

