Реал Мадрид ја победи Аталанта во Суперкупот на УЕФА, а двајца играчи на Реал Мадрид со посебно достигнување по оваа средба.
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал забележа импресивен рекорд, тој беше дел од Суперкупот на УЕФА во Варшава.
Со ова, Дани Карвахал стана првиот играч кој играл во шест финалиња на УЕФА Суперкупот.
Благодарение на победата во Суперкупот на УЕФА, Лука Модриќ сега има 27 титули во екипата. На второто место се Даниел Карвахал и екс капитенот на кралскиот клуб Начо, кои имаат по 26 трофеи. Следни беа францускиот напаѓач Карим Бензема и Бразилецот Марсело (25).

