Тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо реши да направи драстични промени во првите 11 за денешниот реванш меч од Конференциската лига на УЕФА против словачки Ружoмберок кој се игра на „Пољуд“. Македонскиот репрезентативен напаѓач, Александар Трајковски, е најавен како стартер за сплитските „бели“.
Тројца поранешни првотимци на Хајдук најверојатно ќе бидат на клупата за денешниот натпревар.
„Нико Сигур се враќа во почетната постава, на позицијата десен бек, што значи дека Фахд Муфи се сели на клупата. Ентони Калик исто така најверојатно ќе отпадне од првите 11. По голот против Локомотив, блиску до стартната постава е и Александар Трајковски“, пишуваат хрватските портали.

