Пред денешниот старт на новата сезона во најсилниот европски национален фудбалски шампионат, англискат Премиер лига, новиот тренер на Ливерпул Арне Слот одговори на прашањето за изгледите и шансите на англискиот тим во претстојната сезона во Премиер лигата.
„Мораме да разбереме дека во последните две сезони Ливерпул беше доста далеку од Манчестер Сити и Арсенал. Работиме секој ден за да го намалиме овој јаз и се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, рече Слот.
45-годишниот Арне Слот го презеде водството на Ливерпул на почетокот на оваа сезона откако дојде од клупата на Феенорд со кој во период од три години имаше одлични резултати во холандското првенство.

