Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис нема да се пресели во Реал Мадрид ова лето, потврдуваат шпански извори.
Според информациите, од Реал сакаат да го ангажираат канадскиот фудбалер бесплатно и ќе чекаат до крајот на неговиот договор со Баерн, кој завршува следното лето. Тоа значи дека Дејвис ќе ја мине сезоната 2024/2025 во Баерн.
Претходно почесниот претседател на Баерн, Ули Хонес изјави дека дефанзивецот ќе остане во клубот и покрај истекот на неговиот договор.

