Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Почнува Премиер лигата: Два фаворити за титулата и жестока битка за ТОП 4
    Фудбал

    Почнува Премиер лигата: Два фаворити за титулата и жестока битка за ТОП 4

    sasoBy saso16/08/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Фулам вечерва почнува новата сезона во англиската Премиер лига. „Црвените ѓаволи“, кои го загубија градското дерби на „Комјунити Шилд“ купот од Манчестер Сити пред помалку од една недела, ќе се надеваат дека овојпат ќе го започнат својот првенствен поход со добар почеток и три освоени бода на домашен терен. Новото раководство ги потврди своите амбиции, откако досега доведе четворица играчи кои треба да дадат нова крв во составот на Тен Хаг, кој ја доби довербата да го поведе тимот и во новата сезона. Доаѓањето на Џошуа Циркзе, Лени Јоро, Матијас Де Лигт и Нусаир Мазрауи за кои потрошија речиси 150 милиони фунти, треба да го покажат новото лице на „црвените ѓаволи“.

    Фаворити за титулата остануваат оние кои за трофејот се бореа до крајот и минатата сезона – Манчестер Сити и Арсенал. Има многу шпекулации дека оваа сезона би можела да биде последна за Пеп Гвардиола на клупат ана Сити, што дополнително ќе биде притисок и за него за трофејно завршување на престојот во Англија. Арсенал минатата сезона до последно се бореше со Манчестер Сити за титулата, а „топчиите“ ќе бидат главни ривали на „граѓаните“ и оваа сезона. Навивачите на „топчиите“ се уверени дека во последните две сезони тимот го стекнал потребното искуство за да се направи последниот чекор до титулата.

    Големо прашање е како Ливерпул ќе изгледа во својата прва сезона по завршувањето на ерата на Јирген Клоп. По речиси девет години на „Енфилд“, харизматичниот Германец реши да се откаже, а на негово место дојде Арне Слот, кој забележа импресивни резултати во претсезоната. Поради ова обложувалниците го ставија Ливерпул на третото место меѓу фаворитите.

    Во битката за топ 4, сигурно повторно ќе учествуваат Астон Вила, Челзи, Тотенхем, Њукасл и Вест Хем, кои имаат амбициозни состави.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.