Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Костов: Вардар нема да биде ист како во Струмица, да го вратиме сјајот на дербито!
    Фудбал

    Костов: Вардар нема да биде ист како во Струмица, да го вратиме сјајот на дербито!

    sasoBy saso16/08/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во недела на Националната Арена во Скопје следува големото македонски фудбалско дерби. Во вечерен термин и под рефлектори, Вардар го пречекува Пелистер во рамките на 2. коло, откако во „црвено-црните“ беа поразени на гостувањето во Струмица од екипата на Брера, а битолчани одигра нерешено дома против Гостивар. Пред доаѓањето во Скопје, разговаравме со тренерот на Пелистер, Влатко Костов, кој во изјава за Спортското радио 90.3 фм ги сподели своите очекувања од дерби дуелот.

    „Мислам дека ова ќе биде вистински празник на фудбалот. Ова ќе биде меч на кој треба да се види желбата на двете екипи за подобро претставување пред публиката. Добро е што играме во вечерен термин, затоа што тоа ќе биде шанса и за подобар фудбал, кој ќе го врати сјајот и на дербито и на фудбалот воопшто. Во Скопје доаѓаме по еден добар натпревар против Гостивар во првото коло. Противникот беше фаворит, но ние одигравме тактички зрело, многу дисциплинирано, со многу борба и успеавме да останеме непоразени. Резултатот е објективен. Беше важно да тргнеме без пораз, успеавме и во една одлична атмосфера доаѓаме на дербито со Вардар. И покрај поразот, Вардар нема да биде ист како во Струмица. Го анализираме противникот и се подготвуваме за позитивен резултат“, вели стратегот на битолските „зелено-бели“, Влатко Костов.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.