Централниот играч за врска на Барселона, Педри, се опорави од повредата на коленото добиена за време на четвртфиналниот натпревар со Германија од ЕП 2024 (2:1) и ќе може да учествува на натпреварот од 1. коло од шпанската Примера со Валенсија, кој ќе се одигра вечерва. Ова го пренесува официјалниот профил на каталонскиот клуб на социјалната мрежа Х.
Натпреварот меѓу Валенсија и Барселона ќе се одигра на стадионот Местаља во Валенсија. Хозе Санчез Мартинез ќе биде главен судија на средбата. Почетокот е закажан за 21:30 часот.
Минатата сезона Педри учествуваше на 34 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и пет асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2026 година.

