Мохамед Салах постигна гол на првиот натпревар на Ливерпул во новата сезона во Премиер лигата на гостувањето кај Ипсвич Таун. Фудбалерите на Ливерпул го добија натпреварот со 2:0, а Египјанецот беше одличен со асистенција и гол.

Со својот гол Мохамд Салах собори нов рекорд. Напаѓачот стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал девет гола на воведен натпревар од англискиот шампионат.
На овој начин Салах покажува дека се уште е на добро ниво и не му недостига мотив да се стреми кон нови достигнувања.

