Македонската велосипедистка Дуња Иванова ќе биде македонски претставник на Европското првенство во планински велосипедизам кое ќе се одржи во Виборг, Данска. Овој дански град ќе биде домаќин на најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција од цела Европа.
Ивановаќе стартува во елитната женска сениорска категорија на трката од 75 километри и 1.800 метри висинско искачување.

