Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Ристовска за стереотипите во спортот: Еднаквоста е се поприсутна во спортскиот свет
    Домашен микс

    Ристовска за стереотипите во спортот: Еднаквоста е се поприсутна во спортскиот свет

    sasoBy saso18/08/2024No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Една од најдобрите македонски ракометни репрезентативки, Сара Ристовска, во интервју во рамките на проектот „Кршиме родови стереотипи во спортот“ зборуваше за дел од своите искуства на спортските терени во текот на својата досегашна кариера. Таа успеа да издвои малку од своето драгоцено време за да одговори на неколку наши прашања, чии одговори следуваат во продолжение.

    Дали како жена во спортот, се имаш соочено со родово-базирани бариери во твојата спортска кариера?

    „Познато е дека во спортот има голема разлика меѓу мажите и жените. Посебно во колективните спортови. Во секаков поглед поголем акцент е ставен на машкиот спорт. Но сите се спремиме да се подобруваат и да се изедначат правата меѓу жените и мажите. До сега се немам соочено, можеби во неколку наврати во репрезентацијата, но се стремиме да бидеме и работиме на истиот пат. Успесите многу придонесуваат, па така и односите понатаму. Самите ги создаваме правата и како поминуваат многу бројни првенства и овие Олимписки Игри, покажаа дека навистина еднаквоста е присутна и очигледна.“

    Дали ги уживаш истите права како и ракометарите?

    „Јас искрено давам се од себе за да можам да имам подобри услови и се стремам кон тоа да си го овозможам. Правата се многу битни, размислување и ставот исто така треба да бидат јасни и конкретни за да придонесат поголемо почитување“.

    Дали имаш ист третман при твојот тренинг, при патувања, натпревар и слично?

    „Секој има различен третман. Конкретно да се потенцира нешто, не би можела да конкретизирам. Но, наброените се сосема различни едно од друго.“

    Дали сметаш дека Европските држави повеќе го поддржуваат и промовираат женскиот ракомет, и би можела да издвоиш некој позитивен пример од европските ракометарки или ракометни клубови?

    „Земјите од Скандинавија, Шпанија, Франција, Германија, Романија, Русија… тие се познати по својата ракометна школа, обучување, начинот на тоа како го гледаат и играат ракометот. Самите репрезентации покажуваат многу. Секои генерации само го надополнуваат и продолжуваат нивото и стандардот на претходните. Тоа е многу значајно и голем показател на нивната работа и пожртвуваност.“

    Дали по завршување на твојата кариера како ракометарка се гледаш како спортска работничка во ракометот или имаш други планови?

    „Има моменти и периоди кога размислувам на таа тема. Сепак мислам дека е се уште рано да гледаме во таа малку далечна иднина. Но, би сакала да помогнам и да пренесам свое знаење. Имам уште многу цели што сакам да ги постигнам до момент кога треба да се размислува каде и како себе си се гледам по завршување на кариера. Спорт е една преубава работа и обврска а воедно и љубов, треба да се искористи секоја прилика додека може да се ужива во истата“, заврши Ристовска.

    Интервјуто е спроведено во рамки на проектот Зајакнување на девојки преку спорт, поддржан од амбасадата на Франција во Скопје.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.