Аталанта и Штутгарт наводно постигнале вербален договор за Ел Билал Туре. Тој треба да ја продолжи кариерата во Бундеслигата. Според Фабрицио Романо, Аталанта ќе добие околу 18 милиони евра, а играчот е подготвен да потпише петгодишен договор со екипата од Мерцедес-Бенц Арена.
Туре дојде во Аталанта од Алмерија минатото лето. Тимот на Џан Пјер Гасперини плати 30 милиони евра за 22-годишниот центарфор, што беше ретка лоша проценка на менаџерскиот тим во Бергамо.
Туре поради повреди едвај имаше неколку настапи за Аталанта минатата сезона.

