Менаџерот на Брентфорд, Томас Френк вчера го остави голгетерот Ајван Тони целосно надвор од составот со што повторно ги распламти шпекулациите околу неговата иднина. Според италијански новинар Фабрицио Романо, саудискиот клуб Ал Ахли е во преговори за ангажман на 28-годишната ѕвезда на Брентфорд, откако минатата недела беше одбиена понуда од 35 милиони фунти.
Преговорите продолжуваат меѓу сите страни и Тони и неговото семејство треба да донесат одлука за преселба во Саудиска Арабија.
„Пчелите“ немаат проблем со неговата продажба, но ќе го почитуваат ставот на играчот.

