Раководството на Ливерпул е подготвено да ја намали бараната цена за дефанзивецот Џо Гомез, за Англичанецот полесно да реализира трансфер.
Дефанзивецот сака да го напушти „Енфилд“ со идеја да игра поредовно, додека раководството на „црвените“ не инсистира на негова продажба. Сепак, од „Енфилд“ му ветија на играчот дека нема да го попречат неговиот евентуален трансфер доколку се најде купувач.
На почетокот на летото, Гомез се најавуваше дека ќе биде дел од договорот за потпишување на Ентони Гордон од Њукасл, но таа опција пропадна. Ливерпул потоа стави цена од 45 милиони фунти за Гомез, што одби неколку заинтересирани клубови. На крајот, според последните информации од Островот, Ливерпул ќе биде склон да се раздели со својот дефанзивец за сума од околу 30 милиони фунти.
Интерес за Гомез има од Челзи и Баерн Минхен. Фудбалерот на Ливерпул не се најде во составот за првиот натпревар сезонава против Ипсвич токму поради тоа што се подготвуваше трансфер.

