Англискиот вицешампион Арсенал продолжува да биде во активни преговори со Реал Сосиедад околу трансферот на играчот од средниот ред Микел Мерино.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Топџиите и Мерино веќе ги договориле личните услови за шпанскиот репрезентативец, но двата клуба се уште работат на структурата на договорот и условите за плаќање. Се верува дека Арсенал ќе плати над 25 милиони евра за услугите на европскиот шампион.
Атлетико Мадрид и Барселона, кои исто така сакаа да го ангажираат Мерино, веќе се информирани за желбата на играчот од средниот ред да се приклучи на Арсенал и нема да бидат вклучени во наддавањето.

