По вчерашната победа на дербито со Пелистер , денес стигна вест од ФК Вардар дека доесегашниот предводник на „црвено-црните“ , Горазд Махаилов си поднесе оставка и ја напушта клупата на Вардар.
Оваа информација предмалку беше објавена од страна на ФК вардар на социјалните мрежи:
„Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните.Горазд Михаилов во клубот пристигна минатата полусезона и успеа да ја исполни главната цел на навивачите и клубот, обезбеди опстанок во ПМФЛ, а покрај тоа оствари и значајни резултати, кои секако дека остануваат да сведочат за професионализмот и посветеноста.Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение.Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици“ се вели во информацијата на ФК Вардар.

Сега на потег е раководсвото на ФК Вардар кој ќе треба веднаш да реагира со ангажирање на нов тренер затоа шро во следното коло Вардар го очекува тешко гостување кај Шкупи.

