Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку е се поблиску до трансфер во Наполи, информираше италијанскиот стручњак за трансфери Фабрицио Романо.
Според него, преговорите меѓу Наполи и лондончани се во нивната клучна фаза, а Наполи веќе ја претставил својата официјална конечна понуда. Од „Стемфорд Бриџ“ беа категорични дека овој трансфер никако нема да биде врзан за евентуалното привлекување на Виктор Осимен.
Во моментов фокусот на раководството на Челзи е да го продаде Лукаку, по што лондончани ќе одлучат дали ќе се обидат да го доведат Осимен во последните денови од летниот преоден рок. Се уште не е јасно за која сума ќе се договорат двата клуба.
Челзи долго време инсистираше да ја добие целата сума од ослободителната клаузула на Лукаку, која е вредна 43 милиони евра. Наполи неодамна понуди околу 30 милиони со различни бонуси

