Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска останува оптимист и покрај тоа што загуби со 2:0 на отворањето на сезоната против Манчестер Сити на „Стемфорд Бриџ“. Тој мисли дека неговиот тим се покажа добро на овој натпревар и гледа дека работите одат во вистинска насока.
„Мислам дека нашиот настап беше добар. Не сакаме да губиме, но мислам дека нашата игра беше добра. Се спротивставивме на најдобриот тим во светот и бевме во голема мера рамноправни и на моменти подобри од нив. Создававме ситуации. но големата разлика беше во шеснаесетникот каде многу подобро играа со топката во важните моменти. Мислам дека денеска се претставивме подобро во споредба со последниот натпревар со Интер. И тоа е најважно – да се подобруваме со секој следен натпревар. За мене, подобрувањето е очигледно и мислам дека одиме во вистинската насока. Дури и Пред некој ден реков дека не очекував дека тимот ќе биде на толку добро ниво толку рано во сезоната, така што очигледно одиме напред, така што не се сомневам дека од ден на ден ќе изгледаме подобро“, убеден е Италијанецот.

