Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола доби ултиматум од раководството на клубот во врска со неговата иднина на чело на Граѓаните.
Шпанецот мора да даде одговор најдоцна до крајот на годината дали ќе го продолжи договорот кој истекува на крајот од сезоната, пренесува „Скај Спортс“. Гвардиола е на чело на Сити од 2016 година.
Во овој период освои шест титули во Премиер лигата, двапати го подигна ФА Купот, четири пати го освои Лига купот, трипати Комјунити Шилд и еднаш триумфираше во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. Минатата недела Гвардиола накави дека неговото време на Етихад стадионот е при крај бидејќи во моментов не се чувствува многу мотивиран да освои уште една шампионска титула.
Ова ги врати на дневен ред гласините дека би можел да ја преземе репрезентацијата на Англија.

