Реал Мадрид ремизираше на гостувањето кај Мајорка (1:1) во 1.коло од Ла Лига. Така, мадриѓаните немаат пораз 33 натпревари по ред во Ла Лига (24 победи и 9 нерешени).
Клубот ја продолжи својата најдолга серија без пораз во историјата на шпанското првенство. Претходниот траеше 30 натпревари од мај 1988 до април 1989 година (21 победа и 9 нерешени).
Следниот натпревар Реал Мадрид го игра на 25 август против Ваљадолид. Да потсетиме, Реал го отвори резултатот на почетокот на првото полувреме, Родриго погоди за мадриѓаните.
По паузата фудбалерите на Мајорка успеаја да израмнат на 1:1 што беше и конечен резултат на оваа средба.

