Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа, не успеа да го мине првото квалификациско коло на Отвореното првенство на САД (УС Опен), иако одиграбдоста добро против Аргентинката Хулија Риера која е на 122 место на ВТА листата односно 71 место подобро рангирана од Лина Ѓорческа. Хулија Риера победи со 7:6 и 6:3 во меч кој траеше 1 час и 36 минути игра.
Ѓорческа почна одлично, поведе со 4:1 во првиот сет, а имаше и предност од 5:3 и гејм на свој сервис. Но, не успеа да го добие решавачкиот гејм за водство и дозволи противничката да направи престврт и тајбрејкот Риера беше подобра со 7:4, за водство од 1:0.
Во вториот сет немаше толку многу брејкови како во првиот, Лина загуби само еден гејм на свој сервис, но тоа беше доволно за да го загуби сетот со 3:6, и да го заврши својот настап во квалификациите на последниот Грен-слем турнир оваа сезона.

