Новото засилување на Милан, Алваро Мората, ќе ги пропушти следните неколку натпревари на својата нова екипа во Серија А.
На натпреварот од првото коло Мората влез ево игра во 60-та минута, а во финишот од натпреварот успеа да постигне гол за намалување на предноста на гостинската екипа. За жал по натпреварот беше констатирано дека Мората заработил повреда на мускулот поради која ќе паузира неколку недели.
Се очекува напаѓачот да ги пропушти натпреварите против Парма и Лацио, а исто така веројатно нема да биде достапен за репрезентацијата на Шпанија за натпреварите од Лигата на нации на почетокот на септември.

