Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, потпиша нов долгорочен договор со Астон Вила. Голманот кој го освои Светското првенство во 2022 година го продолжи престојот на „Вила Парк“ до 2029 година. Ова го објави клубот на своите социјални мрежи.
Мартинез му се приклучи на тимот во септември 2020 година, одбранувајќи пенал на своето деби. Во својата прва сезона, голманот го израмни клупскиот рекорд за најмногу чисти мрежи во една сезона во Премиер лигата (15). Досега има дан 150 настапи за Астон Вила и беше капитен на тимот.
По преселбата во Астон Вила, Мартинез дебитираше за репрезентацијата на Аргентина. Како дел од репрезентацијата го освои Светското првенство во 2022 година и двапати го освои Купот на Америка.

