Англискиот премиерлигаш Челзи, го потврди трансферот на Португалецот Жоао Феликс, кој пристигнува од Атлетико Мадрид за сума од 52 милиони евра.
Овој трансфер беше најавуван во текот на изминатите денови, а денес официјално се реализираше со што Челзи добива големо засилување во нападот. Феликс пред две сезони играше во Челзи како позајмен фудбалер, а сега доаѓа со перманентен трансфер и потпиша договор со важност до 2030 година.
Навивачите се задоволни од потегот на управата и очекуваат добри игри и многу голови од Португалецот кој во неговиот прв престој постигна четири гола на дваесет одиграни натпревари. Минатата сезона Феликс беше позајмен во Барселона, каде постигна 11 голови на 44 одиграни средби.

