Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мануел Нојер објави за тешката одлука која ја донел
    Фудбал

    Мануел Нојер објави за тешката одлука која ја донел

    risteBy riste21/08/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Германската фудбалска ѕвезда Мануел Нојер го потврди своето повлекување од националниот тим. Неговата одлука делува шокантно по последните информации во тамошните медиуми дека голманот може да остане во Бундеслигата до 2026 година поради Мундијалот.

    Сепак, Мануел Нојер откри дека веднаш ќе се повлече од обврските со националниот тим на земјата.

    Голманот на Баерн Минхен ја завршува оваа славна кариера по 124 настапи за Германија и Светското првенство во 2014 година.

    Чуварот на голот на Баерн и Германија објави видео на својот Инстаграм профил, ставајќи крај на шпекулациите за неговата иднина.

    „Денеска завршува мојата кариера во репрезентацијата. Оваа одлука не ми беше лесна, поминаа повеќе од 15 години откако дебитирав за Германија. Сите го знаат најважното, победата против Аргентина на „Маракана“ на Светското првенство“, сподели Нојер.

    „Благодарам на сите придружници, на целиот персонал во тимот, на тренерите, на тренерите на голманите, на членовите на тимот и се разбира, на моите соиграчи. И секако за вас, драги фанови, ме поддржувавте во секоја ситуација. Драги фанови, голема благодарност од мене. Обожавав да го носам овој дрес“, изјави Мануел Нојер.

    Последниот натпревар на Нојер во славниот бел дрес беше на Европското првенство летово, кога Германија во четврт-финалето загуби од Шпанија.

    Мануел Нојер има договор со Баерн Минхен за период од уште една година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.