33-годишниот германски играч за врска на Барселона Илкај Гундоган одлетал во Манчестер за да потпише договор со Манчестер Сити, пренесува Дејли Мејл.
Претходно, италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо објави информација дека „граѓаните“ целосно се договориле со Барселона за трансферот на Гундоган како слободен играч.
Претходно се појави информација дека Гундоган на раководството на Барселона му кажал дека сака да го напушти тимот, по што не бил вклучен во пријавата на каталонскиот клуб за натпреварот од 1. коло од шпанската Ла Лига со Валенсија.
Илкај Гундоган се пресели во Барселона од Манчестер Сити во летото 2023 година, а во сезоната 2023/2024 забележа 51 настап за Блауграна во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и 14 асистенции.

