Ливерпул не се откажува од идејата да го ангажира поранешниот играч на Јувентус, Адриен Рабио. Францускиот репрезентативец моментално е слободен агент, што значи дека „црвените“ можат да го ангажираат во слободен трансфер, што ќе обезбеди идеална можност за засилување на средниот ред.
Интересот на Ливерпул за Рабио не е новост. Клубот од Енфилд веќе подолго време ја следи ситуацијата околу играчот, но засега зделката не е финализирана. Главна причина за тоа е немањето договор меѓу двете страни во однос на условите на договорот.
Според извори блиски до Рабио, фудбалерот е подготвен да чека понуда и од Манчестер Јунајтед, клуб со кој се поврзуваше и во минатото.

