Италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ тврди дека Светската антидопинг агенција ВАДА има право на жалба на двата позитивни допинг теста на италијанскиот тенисер и светски рекет бр. 1, Јаник Синер. Рокот за доставување жалба е 6 септември.
Во прилог на тоа следува и информација дека Светската антидопинг агенција (ВАДА) сака да интервенира во случајот, бидејќи досега не била ниту консултирана за спорниот случај од страна на АТП.
„Како што правиме секогаш, внимателно ќе ги испитаме сите документи и го задржуваме правото на жалба на одлуката“, изјавил претставник на Светската антидопинг агенција и со тоа потврди дека случајот го следат и повисоките органи.

