Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во изјава за медиумите потенцираше дека екипата на Њукасл ќе прави најголеми проблеми во тековната сезона во англиската фудбалска елита. Според Шпанецот, Њукасл е најголема опасност за тимовите од врвот.
„Њукасл ќе се врати. Немаат европски натпреварувања оваа сезона. Ќе имаат неверојатна енергија и кондиција бидејќи играат само еден натпревар неделно. Ќе бидеме претпазливи на натпреварите против нив“, рече Гвардиола.
Манчестер Сити отвори со победа во новата сезона, но со триумф стартуваа и конкурентите Арсенал и Ливерпул. Успешен почеток имаше и Њукасл.

