Екипата на Џирона по Бојан Миовски престави уште едно засилување во пресрет на стартот на настапите во Лигата на шампионите.
Дебитантот во фудбалската елита на Европа и хитот во Шпанија се реши на крупен чекор и потпиша договор со Јасер Асприља, играч од средниот ред кој доаѓа од англиски Вотфорд. 20-годишниот Колумбиец е најскапото засилување во историјата на Џирона.
За неговите услуги шпанскиот клуб на Вотфорд му плати 18 милиони евра, а со додатни бонуси трансферот може да достигне сума од 25 милиони евра.
Од страна на раководството на Џирона се решиле да му ја додели „десетката“ на Јасер Асприља која претходно беше планирана за Бојан Миовски.
Џирона и Јасер Асприља потпишаа договор со важност до 30 јуни 2030 година.

