Навивачите на Борусија Дортмунд протестираа против спонзорскиот договор што раководството на клубот го потпиша со производителот на оружје Рајнметал.
Приврзаниците истакнаа транспаренти на почетокот на второто полувреме од саботниот дуел со Ајнтрахт Франкфурт од првото коло во Бундеслигата.
„Нема да дозволиме да не ставите во вашиот резервоар“, пишуваше на еден од транспарентите.
На друг, фановите напишаа: „Парите се на прво место, вредностите се на второ место“.
На почетокот на вториот дел, тие престанаа да ја поддржуваат својата екипа на неколку минути во знак на протест поради договорот. Пред натпреварот, дел од гледачите мавтаа со симболични црвени картони, изразувајќи го своето неодобрување на одлуката на управата на клубот да потпише договор со Рајнметал.
Рајнметал е една од најголемите компании за оружје во светот. Таа потпиша договор за партнерство непосредно пред финалето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид минатата сезона, кое Борусија го загуби со 2:0.
Иако Рајнметал беше еден од помалите спонзори, фановите беа строго против партнерството со оваа компанија.

