Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Одлични вести за нашата одбојка, претседателот на ОФМ, Петар Јовановски е нов член на бордот на ЦЕВ
    Домашен микс

    Одлични вести за нашата одбојка, претседателот на ОФМ, Петар Јовановски е нов член на бордот на ЦЕВ

    risteBy riste25/08/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Убави вести за Македонија стигнаа денес од Генералното собрание на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) кое се одржува во Неапол. Имено според информациите кои беа објавени, претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, е избран за член на највисокото тело, Управниот одбор на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).

    Ова големо признание за Македонија, нашата одбојка и првиот човек на Одбојкарската федерација, а дојде во време на избор на нов претседател на Европската конфедерација, а тоа е Хрватот Роко Сикириќ.

    Јовановски е избран за еден од осумте членови на Одборот на администрација на ЦЕВ, заедно со Ерик Адлер (Данска), Алиса Чешнулевичиуте (Литванија), Маргарет Ен Флеминг (Шкотска), Џалил Јафаров (Азербејџан), Марек Ројко (Словачка), Метод Ропрет (Словенија) и Аника Сјоберг (Шведска).

    Сикириќ кој во наредните четири години ќе ја води европската одбојка го презема претседателското место од долгогодишниот прв човек на ЦЕВ, Александар Боричиќ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.