Тренерот на Арсенал, Микел Артета откри дека напаѓачот Габриел Жесус ќе биде подложен на магнетна резонанца за да се утврди сериозноста на она што Арсенал го опиша како „лесна“ повреда на препоните.
Поради таа повреда, 27-годишниот напаѓач ја пропушти победата од 2:0 над Астон Вила во саботата.
Според првичните информации, повредата не е сериозна и се очекува Жесус да пропушти релативно краток период, за што ќе помогне претстојната репрезентативна пауза, која ќе следи по домашен натпревар на Топџиите против Брајтон следната сабота.
„За жал во четвртокот, на крајот од тренингот, тој почувствува нешто во препоните. Мораме да направиме магнетна резонанца за да го видиме за што конкретно се работи, но тој не беше достапен за натпреварот. Мора да видиме дали тоа е долготрајна повреда“, изјави Артета.

