Градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб најави дека дербито меѓу Феенорд и Ајакс нема да се одигра како што е закажано следната недела. Причина е штрајкот на полицискиот синдикат кој сака да ги подобри условите за работа.
„Ова е одлука што ја донесов по консултација со органите на редот. Без интервенција на полицијата не може да се гарантира безбедноста на играчите и на јавноста“, изјави градоначалникот на Ротердам.
Дерби средбата меѓу Феенорд и Ајакс требаше да се игра на 1.септември од 14.30 часот на стадионот „Де Куип“, но токму поради овие причини средбата е одложена и ќе се чека нов тернин за играње на ова големо дерби во Холандија.

