Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, зборуваше откако неговата екипа го совлада Рајо Ваљекано со 2:1 во натпревар од 3. коло во Ла Лига. Тоа беше трета победа по ред за Каталонците, кои се уште немаат пораз од почетокот на сезоната.
„Првото полувреме не помина како што сакавме. Не притискавме доволно и не бевме баш добри со топката. По паузата ја подобривме нашата игра и изгледавме многу подобро. Главната причина за тоа е влегувањето на Дани Олмо, кој одлично се справи со топката и притискаше без топка, мислам дека постигнавме заслужена и фер победа, а тие имаат многу брзи играчи“ рече Флик.
Тој ја коментираше и состојбата на 17-годишниот Марк Бернал, кој беше принуден да го напушти теренот.
„Марк е повреден. Не изгледа многу добро. Сакам да го охрабрам бидејќи изгледаше одлично и не заслужи да биде така повреден“, објасни Флик.