Лондонскиот клуб Челзи е активно вклучен во битката за потписот 25-годишниот нигериски напаѓач од Наполи, Виктор Осимен, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.
Инсајдерот Фабрицио Романо известува дека разговорите помеѓу Челзи и тимот на играчот ќе продолжат во текот на денешниот ден.
Понудата на Саудиска Арабија на Ал Ахли од 70 милиони евра останува валидна, но ќе биде активирана само доколку Осимен не успее да се договори со лондончани.
Во сезоната 2023/24, Виктор Осимен постигна 15 гола и 3 асистенции на 18 натпревари во Серија А.