Пред одигрувањето на последните натпревари во квалификациите за УЕФА Лигата на шампионите, Европската фудбалска федерација – УЕФА, ја промовира новата фудбалска топка со која ќе се игра во сезоната 2024/25 во елитното фудбалско натпреварување во Европа.
Соработката со германската компанија „Адидас“ продолжува и оваа година. Топката е стандардна, со ѕвездите кои асоцираат на Лигата на шампионите кои се црни, имаат жолти детали, а логото на компанијата е во портокалова боја.
Оваа сезона европските натпреварувања ќе биде револуционерна. Првпат во историјата ќе се игра Лига на шампиони под новиот формат, со лигашки дел во кој 36 екипи ќе бидат рангирани на една табела, наместо по групи. Секој клуб ќе добие осум противници, ќе игра четири меча дома и четири на гости.
Најдобрите осум на табелите одат директно во осминафинале, а екипите од 9. до 24. место ќе играат дополнителна плеј-оф фаза за пласман меѓу 16. најдобри. Извлекувањето за главната фаза е закажано за в четврток во 18:00 часот.

