Ливерпул и официјално го објави трансферот на крилниот напаѓач Федерико Киеза од Јувентус. 26-годишниот италијански интернационалец успешно ги помина медицинските прегледи и го потпиша договорот со „црвените“, кој, според медиумите е на четири години.
Се верува дека Ливерпул му платил на Јувентус 15 милиони евра за правата на Киеза, а Англичаните платиле првични 13 милиони евра, а останатите два милиони евра во форма на разни бонуси.
Киеза, кој има 51 натпревар за Италија пред да стане европски шампион во 2021 година, пристигнува на „Енфилд“ по четири сезони во Јувентус, за кого забележа 131 натпревар со 32 гола и 23 асистенции.
„Многу сум среќен што сум играч на Ливерпул. Кога Ричард Хјуз (спортскиот директор на Ливерпул) ми се јави и ми рече: „Дали сакаш да се приклучиш на Ливерпул, јас веднаш реков да, бидејќи ја знам историјата на овој клуб, знам за што се работи, за навивачите. Многу сум среќен и едвај чекам да започнам“, изјави Киеза за официјалниот сајт на Ливерпул.
Италијанецот станува второто ново засилување на Ливерпул по голманот Горги Мамардашвили, кој ќе ја игра сезоната во Валенсија, од каде што беше купен, и официјално ќе му се приклучи на тимот следната година.

