32-годишниот крилен напаѓач на Ливерпул Мохамед Салах одговори на прашање за неговата иднина во англискиот клуб.
„Пред почетокот на сезоната мислев: „Имам уште една година од договорот, само треба да уживам во тоа и да не размислувам за договорот. Не сакам да размислувам за следната сезона и иднината. Сакам само да уживам во последната година од мојот договор, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Салах за „Скај Спортс“.
Египетскиот фудбалер игра за Ливерпул од 2017 година. Во овој период учествувал на 351 натпревар во сите натпреварувања, на кои постигнал 213 гола и 90 асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2025 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 55 милиони евра.

