Европската фудбалска унија (УЕФА) ги одреди натпреварувачките двојќи за сите натпревари од Лигата на шампионите за сезоната 2024/25.
Лигата на шампионите од оваа година ќе се игра во нов формат, бројот на клубови е зголемен од 32 на 36, нема повеќе групи, туку сите учесници формираат една лига, а секој клуб ќе одигра по осум натпревари. Четири дома, четири на гости, со по еден меч против осум различни противници.
Првите натпревари ќе се играат од 17 до 19 септември, односно од вторник до четврток и таа седмица ќе биде посветена само на Лигата на шампионите, додека Лигата на Европа и Конференциската лига ќе започнат една недела подоцна.
Првите осум клуба од оваа заедничка лига по осум одиграни натпревари директно ќе се пласираат во осминафиналето, а оние од 9. до 24. место ќе играат бараж за преостанатите осум места во второто коло. Останатите екипи испаѓаат од натпреварувањето.
Комплетен распоред кој со кого ќе игра во новата сезона на Лигата на шампионите:





