Фудбалерот на Евертон, Нил Мопе, ќе биде испратен на позајмица во Олимпик Марсеј со можност да му биде откупен договорот.
Тој треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи и да потпише со клубот од – „Велодром“. Сумата ќе биде околу 4 милиони евра.
28-годишниот фудбалер има настапувано за неколку екипи од Франција а беше дел и од англиските состави Брентфорд, Брајтон и Евертон.

