Челниците на фудбалскиот состав Арсенал нема да испратат понуда до напаѓачот на Спортинг (Лисабон), Виктор Гокерес иако Швеѓанецот во континуитет се поврзуваше со трансфер кај „топчиите“.
Проблем е неговата цена која се движи околу 100 милиони евра. 26-годишниот напаѓач во претходната сезона одигра точно 50 натпревари во сите конкуренции.
Тој имаше 43 гола и 15 асистенции.

