Саудискиот клуб Ал Ахли официјално го објави потписот на Ајван Тони. Напаѓачот потпиша договор до 2028 година. Се очекува Брентфорд да добие 40 милиони фунти за англискиот репрезентативец.
Клубот му посака успех на Тони, кој беше трансфер цел и на Челзи.
Претходно тој успешно ги помина лекарските прегледи во Лондон. Ал Ахли претпочиташе да го купи Виктор Осимен од Наполи, но трансферот пропадна поради превисоките барања на италијанскиот клуб.

