Бразилецот Матеус Еванжелиста е победник на годинешното издание на Охридскиот пливачки маратон. Тој патеката долга 25 километри ја преплива со време од 5 часа, 45 минути, 5 секунди. Веднаш зад Еванжелиста 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ја мина Французинката Каролин Жуис (5 часа, 46 минути и 51 секунда), со што таа го освои првото место во женска конкуренција.
Во машка конкуренција втор на целта пристгна Марсел Схауле од Холандија, само две секунди пред нашиот претставник Евгениј Поп Ацев кој заврши трет со време од 5 часа 46 минути 52 секунди.
Втора во женска конкуренција пристигна Мајте Пука од Аргентина, пред Инес Делакроа од Франција.