Томас Милер собори голем рекорд и сега е играч број 1 во историјата на Баерн Минхен.
Легендарниот напаѓач влезе како замена против Фрајбург (2:0) викендов и го забележа натпреварот број 710 со баварскиот тим. Милер го собори рекордот на легендарниот голман Сеп Мајер, кој за Баерн имаше 709 натпревари. Трет во рангирањето е Оливер Кан, кој го чуваше голот на Баварците на 632 натпревари.

Топ 5 ги комплетираат Герд Милер (613) и Франц Бекенбауер (584). 34-годишниот Томас Милер игра во првиот тим од својата 16-та година, а во клубот е од својата 11-та година.
За 16 сезони освои 12 титули на Германија, шест пати Купот на Германија, како и два пати Лигата на шампионите. Нормално, тој стана и светски шампион со Бундестимот во 2014 година.

